ЗА   ДОКТОР  ТРИФУН ПАНОВСКИ

Д-р Трифун Пановски

Роден е во село Буф, Леринско, на 1.02.1912 година.

Заедно со родителите се преселил во Битола. Тука се школувал во Битолската Гимназија во која и матурирал во 1932-1934 година.

Во Белград студирал Медицински факултет на кој и дипломирал. Како студент бил секогаш присутен во манифестациите, демонстрациите, агитациите против тогашниот режим.

Трифун станал член на КПЈ во времето на окупацијата. Од Ниш, каде работел како лекар, се вратил во Битола и веднаш активно се вклучил во Народноослободителното движење.

Прибирал црвена помош“, санитетски материјали, оружје, храна, муниција и друго. Окупационата власт на 20.04.1942 година го затворила.

Немајќи конкретни докази Трифун излегол од затвор на 22.08.1943 година.

По налог на Партијата, есента 1943 година заминал во НОВЈ. Во првата македонска бригада бил бригадирски лекар, а покрај тоа и борец.

Летото 22 Јули 1944 година

во селото Буринец, Трифун Пановски загинал од експлозија од мина.

Битола