Битола

         Како резултат на  креативната работа на наставниот кадар, успешната работа во редовната настава, слободните ученички активности, додатната настава во училиштето,  учениците освоија бројни дипломи, награди и пофалници. Дипломите на учениците им беа свечено доделени на 24 Мај-Денот на просветните работници, на кое свое обраќање имаше Советничката за образование на Градоначалникот на Општина Битола, г-ѓа Снежана Петровска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                

                                                                

 

 

 

 

                                                                                                             

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ликовната творба ПЛАЖА“ на ученичка од нашето училиште, беше избрана во 12-те ликовни творби од календарот за 2009 год. што го издава Амбасадата,  за месец август.

Од страна на Германската Амбасада, беше распишан конкурс за ликовни творби на учениците од основните училишта во Р.М, Зборуваме и почитуваме повеќе јазици“.

2007/2008

-На регионалниот натпревар по математика освоени се пофалници и освоено е второ место;

-На Регионалниот натпревар п физика освоени се второ и трето место;

-На Државниот натпревар по физика освоена е пофалница;

-На Регионалниот натпревар по Германски јазик освоено е шестто место;

-На Регионалниот натпревар по сообрајќајно воспитание, екипно е освоено трето место;

-На Државниот натпревар од Народна техника освоено е четврто место;

-Екипата од училиштето зеде активно учество на Регионалниот квиз натпревар помеѓу учениците од основните училишта;

-На спортските натпревари, женската екипа го освои второто место во ракомет;

 

-На регионалниот натпревар во организација на Народна техника Детски семафор“, учениците во сите категории освоија три први, едно второ место поединечно и прво место екипно;

-На општинскиот крос натпревар освоени се три први и четири третти места;

-На атлетската ноќна трка по повод ослободувањето на Битола, освоени се четири први места во сите категории;

-на општинскиот квиз-натпревар Колку ги познаваме правилата во сообрајќајотучениците го освоија првото место;

-На општинскиот натпревар во организација на Црвениот крст учениците го освоија првото место;

- На републичкиот пролетен кросво три категории беа освоени по едно прво, две трети и едно четврто место;

- На општинскиот натпревар во мал фудбал освоено е трето место;

- На општинскиот натпревар по информатика е освоено е второ место;

- На натпреварот по литературни творби Поетски бранувањаосвоено е второ место;

-На регионалниот натпревар по историја освоени се петто и шестто место;

-На олимпијадата во Струга во организацијата на колеџот Јаха Ќемалпо англиски јазик освоено е петто место место;

-На републичкиот натпревар по англиски јазик освоено е петто место;

-На Општинскиот натпревар по англиски јазик  е освоено петто и осмо место;

-На регионалниот натпревар од Народна техника освоено е првото место;

-На општинскиот квиз натпревар учениците од четврто одделение го освоија прво место;